Skip to main content

Лишени од слобода рибокрадци во Пештани, запленети над 100 кг риба и шест рибарски мрежи

Од СВР Охрид информираат дека лицата се приведени при преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските службеници во координација со рибочуварска служба, на 100 метри од брегот во с.Пештани.
 |  инфодеск  | 

На 09.01.2026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Охридско Езеро, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад лишени се од слобода две лица од с.Пештани, охридско.

Од СВР Охрид информираат дека при преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските службеници во координација со рибочуварска служба, на 100 метри од брегот во с.Пештани затекнат е чамец во кој биле двете лица.. При извршениот преглед во пловниот објект пронајдени биле шест рибарски мрежи со должина од околу 720 метри со улов од 585 парчиња риба белвица со вкупна тежина од 106,8кг.

Известен е јавен обвинител и по негови насоки лицата се лишени од слобода и донесени во ПС за ГН Охридско Езеро за понатамошна постапка. Предметите и пловниот објект се одземени, а уловот по проценка од стручни лица од Хидробиолошки завод Охрид утврдено е дека е во фаза на расипување и по насоки од инспектор од Агенција за храна и ветеринарство е предаден на Здружение на ловци Охрид, каде со полициско присуство, на соодветно место е уништен, се вели во полициското соопштение.