Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” информираат дека по вчерашните снежни врнежи кои беа поинтензивни на повисоките населени места, мобилизирани беа дежурните екипи и целокупната нивна расположлива механизација за да се овозможи нормално движење на возила и функционирање во зимски услови.
-Во текот на ноќта и од рано утрово се интервенираше со абразивни средства на повисоки места и тоа: Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско, се вели во нивното соопштение.