Од Црвен крст Охрид информираат дека женскиот хор АКордис минатата 2025 година ја заокружи со настап на предновогодишниот прием, што секоја година, традиционално, Црвен крст Охрид го организира за своите членови, соработници, партнери, поддржувачи, на територијата на општина Охрид и Дебрца и пошироко.
-Пред присутните гости, женскиот хор, под диригентската палка на м-р професор Биљана Николоска, премиерно се претстави со композицијата Богородице дјево, радујсја од С.Рахмањинов и изведба на божиќните песни Рождение, Тивка ноќ и Радувајте се, со текстови на македонски јазик. Хорот во 2025 година имаше бројни настапи пред охридската публика и пошироко, со репертоар за сечиј вкус со кој остави печат на уметничката- културна сцена. За 2026 година хорот изработи амбициозна програма, со чија реализација започнуваме од самиот почеток на годината, се вели во соопштението од Црвен крст Охрид.
Инаку, за сите заинтересирани, женскиот хор АКордис при Црвен крст Охрид е отворен за прием на нови членови, а сите љубители на хорското пеење, кои сакаат да ги негуваат и развиваат своите гласовно-пеачки способности, добредојдени се на аудиција во просториите на Црвен крст Охрид, секој понеделник во 19:30 часот, започнувајќи од 02.02.2026 г. Телефон за контакт 078 227 433.
Воедно, хористките од женскиот хор АКордис, на сите љубители на хорската музика им ја честитаат Новата 2026 година со желби за добро здравје и благосостојба.