Skip to main content

Црвен крст Охрид

Во тек се зимските уписи за Бреинобреин едукативната програма за деца

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 12.01.2026 г., секој работен ден од 8-16 ч. заклучно со 10.02.2026 г.
 |  инфодеск  | 

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со зимските уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

-Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои ќе помогнат децата да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат способни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно, велат од Црвен крст Охрид.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 078 227433, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 12.01.2026 г., секој работен ден од 8-16 ч. заклучно со 10.02.2026 г.

За сите новозапишани ученици во овој циклус од Бреинобреин програмата, Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид овозможува 50% попуст за првиот месец од програмата. Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 31.01.2026 г. (сабота) од 09:00-11:00 ч. во просториите на Црвен крст Охрид, се додава во нивното соопштение.

Инаку, Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на осумте државни натпревари одржани во Скопје, како и на меѓународните натпревари во Загреб-Хрватска, Белград-Србија и во Дубаи-Обединети Арапски Емирати.