Националниот парк Галичица денес објави прилог објавуи фотографии од репродуктивниот центар и од секојдневната грижа што ја вложуваат во националниот парк. Како што велат, нивниот посветен ренџер Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен – обезбедуваат храна и вода, вршат редовни контроли и се грижат за безбедноста и благосостојбата на елените.


– Резултатите зборуваат сами за себе: во 2019 година бројката изнесуваше околу 30 единки, а денес популацијата е зголемена на над 200 елени. Покрај постојаното присуство на ренџерската служба, центарот е опремен и со видео-надзор камери, кои овозможуваат дополнителна, непосредна заштита и навремена реакци, се вели во прилогот од Националниот парк Галичица.
Инаку, Репродуктивниот центар беше отворен во 2019 година со јасна цел – активно управување со високопланинските пасишта, заштита и обновување на популацијата на елени и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот. Овој пристап придонесува за здрави екосистеми, рамнотежа во природата и одржлива иднина за Галичица.



– Ви благодариме за грижата и интересот – заедно ја чуваме природата, велат во нивното соопштение.