Skip to main content

општина дебрца

Општина Дебрца ќе субвенционира трошоци за полагање возачка дозвола

Финансиска поддршка за младите: Општина Дебрца субвенционира трошоци за возачка дозвола
 |  инфодеск  | 

Општина Дебрца ќе доделува еднократно 20.000 денари по апликант, по успешно завршен процес на полагање на возачкиот испит. Преку оваа мерка за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија, општината има намера да помогне на младите жители од општината да го завршат полагањето на практичниот и теоретскиот дел од испитот за возачи и со тоа да се стекнат со возачка дозвола од Б категорија. Имајќи ја во предвид економската состојба и можностите на жителите, оваа мерка директно е насочена кон младите луѓе и нивните семејства од една страна и зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на појавата на управување на моторно возило без да се поседува соодветна возачка дозвола од друга страна.

Можност за аплицирање ќе имаат млади луѓе, жители на Општина Дебрца кои во моментот на поднесување на барањето за субвенционирање не навршиле 21 година, а Јавниот повик ќе трае од 01.01.2026 година во текот на целата година.

Повеќе информации на линкот.