Skip to main content

Едриличарот Ердал Лушо на прием кај градоначалникот Ќура

Храбриот едриличар Ердал Лушо во посета на градоначалникот на Струга по историското трансатлантско патувањеХрабриот едриличар Ердал Лушо во посета на градоначалникот на Струга по историското трансатлантско патување со сопствено изграден дрвен едриличар, направен од дрво засадено од неговиот дедо
 |  инфодеск  | 

Денес, на гости кај градоначалникот на Општина Струга беше храбриот струшки едриличар Ердал Лушо кој воедно е и првиот Македонец кој се впушти во соло трансатлантско патување со сопствено изграден дрвен едриличар, направен од дрво засадено од неговиот дедо.

Инаку, Ердал со градоначалникот разговарал за предизвиците со кои се соочуваше за време на патувањето, за моментите на неизвесност, истрајност и внатрешна сила, како и за непроценливото искуство што го понесе од оваа авантура која ја поместува границата на човечката издржливост.

Градоначалникот истакна дека Струга е горда на својот сограѓанин, кој со својот подвиг не претставува само себе, туку и целиот град и државата на светската сцена. Тој нагласи дека како градоначалник и како општина, ќе продолжат да бидат поддршка за Ердал во неговите идни предизвици и соништа.

-Приказната на Ердал Лушо е доказ дека со храброст, визија и љубов, секој сон е достижен. Таа не потсетува дека најголемите патувања започнуваат од срцето – токму тука, од Струга, се вели во соопштението од Општина Струга.