Skip to main content

Во петок премиера на филмот „Начинот на Чипан“

„Начинот на Чипан“ – филмска приказна за модернизмот и културните слоеви на Охрид
 |  инфодеск  | 

Во петок, на 16 јануари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во големиот амфитеатар на Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ќе биде прикажан филмот „Начинот на Чипан“, дело на режисерот Антонио Вељаноски.

Документарецот го доловува ликот и делото на Борис Чипан, преку едно од првите модернистички објекти во Охрид, одморалиштето на Феријалниот сојуз „Младост“. Низ процесот што колективот Архрид го помина во подготовката и реализацијата на изложбата и јавните дискусии од 3 мај 2025 година, филмот отвора нова перспектива за значењето на модернизмот како уште еден културен слој на градот Охрид, велат организаторите.

Влезот за сите посетители е слободен.