Skip to main content

општина вевчани

Со последното Василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Со последното Василичарско оро и ритуалното палење на маските, денес завршува Вевчанскиот карневал. Во два дена исполнети со сатира, хумор и симболика, беа заокружени вековните обичаи што се пренесуваат од генерација на генерација.
 |  инфодеск  | 

Карневалската приказна привлече голем број посетители, а од уникатните обреди беа фасцинирани и членовите на Светската карневалска асоцијација.

-Овој карневал е еден од најстарите во Европа, фантастична традиција – да се види како еден мал град прави толку голем карневал во срцата на луѓето. Секој карневал мора да биде уникатен, вели Ларс Аргел, претседател на Светската асоцијација на карневали.

Општина Вевчани планира изградба на Музеј на Вевчанскиот карневал – простор каде што посетителите ќе можат да се запознаат со богатата и вековна карневалска традиција.

-Тој ќе биде сплет не само од Свети Василија, туку и од печалбарството и традицијата – најгорниот кат во оваа зграда. Имаме проект, но во моментов немаме обезбедено финансиски средства, вели Спасе Кочоски, градоначалник на Вевчани.

-Сите посетители што доаѓаат тука секогаш сакаат да дознаат нешто повеќе за нашата традиција, историја и култура (сечи лепи)Затоа би било одлично да постои простор каде што тоа ќе се претстави преку кукли, носии, документи, фотографии и видеа – едно вистинско доживување, вели Александра Велкоска, туризмолог.

Василичарите и годинава уште еднаш ја потврдија силата на традицијата, која и денес живее со истата енергија како и пред векови.

Новинар: Соња Рилковска