Црвен крст Охрид
Во понеделник ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“
За Водици охриѓани и гостите ќе ја покажат својата хуманост: „Една капка може да промени сѐ“

Од Црвен крст Охрид информираат дека во понеделни ќе се одржи традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“. Акцијата ќе се реализира во период од 9 до 15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
-Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст Охрид.








