Skip to main content

општина охрид

Јавен повик за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори“

Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори“.
 |  инфодеск  | 
Билјанини извори

Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори“- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката  за давање согласност на Oдлуката за утврдување  цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори-Охрид“ бр.08-804/10 од 30.01.2023 година,  објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на Ј.П. ,,Билјанини Извори“- Охрид .

Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на Ј.П.„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2026 заклучно со 31.12.2026 година.

Повеќе информации на линкот.