Skip to main content

Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид активно вклучен во одбележувањето на Водици со здравствени прегледи, спасителни тимови и крводарителска акција

Црвен крст Охрид со засилени здравствени и хуманитарни активности за Богојавление – Водици 2026
 |  инфодеск  | 
Црвен Крст

Во рамки на одбележување на верскиот празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид активно е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.

Во недела во период од 19 до 23 часот, на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со температура од околу 8 oC.

-За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во Охрид на 19.01.2026 (понеделник), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите посетители на настанот со 5 тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци во вода, 3 нуркачки тимови, како и со 5 медицински тимови за укажување прва помош со 2 амбулантски возила, помогнати со медицински тим на Итната медицинска помош со амбулантско возило, велат од Црвен крст Охрид.

ИОд таму додаваат дека нивната традиционална крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ’“ ќе се реализира на 19.01.2026 (понеделник) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ и ги покануваат заинтересираните хуманитарци да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.