Skip to main content

Утре започнува XIV Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“

„Идентитетот, културата на меморијам наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“
 |  инфодеск  | 
Стар град - Симјаноски

Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со Институт за филм- Филмска Академија Охрид, „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, како и Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, од 17-19 јануари 2026 ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“.

Oваа година конференцијата, тематски е фокусирана на „Идентитетот, културата на меморијам наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“.

На конференцијата ќе бидат презентирани 70-тина трудови од 90-тина учесници кои доаѓаат од 15 држави. Отворањето на конференцијата ќе биде на 17 јануари 2026, со почеток во 11.00 часот, во амфитеатарот на Универезитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, а работните сесии ќе се одржуваат во просториите на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, и тоа во „Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Куќата на Григор Прличев“.

Оваа конференција е посветена на емитениот универзитетски професор и уметник, д-р Ахмет Ајтач од Измир, Турција кој остава силен белег во академскиот и уметничкиот свет на Балканот, Анадолија, Кавказието и Средниот Исток, преку неговите научни и уметнички дела.