Македонската научна заедница доби уште едно значајно меѓународно признание, откако денес беше објавено дека охриѓанецот проф. д-р Анис Сефиданис беше избран како Академик при Academia Balkanica Europeana (ABE) — меѓународна академија која гради мостови меѓу науката, уметноста и јавната култура, со јасна ориентација кон европска соработка и регионален развој.
-За млад научник ова значи повеќе од признание: тоа е обврска за лидерство, за подигање стандарди на квалитет и етика, за јакнење на довербата во науката и за создавање иновации што носат општествена корист, особено во време кога технологијата се развива побрзо од институциите и кога на јавноста ѝ се потребни кристални визии, изјави проф. д-р Сефиданис


Инаку, ABE обединува и низа силни имиња од светската интелектуална и културна сцена, меѓу кои: Орхан Памук, Марина Абрамовиќ, Јон Карамитру, Жан-Патрик Конерад, Ана Бландијана, Атанасис Вистонитис и други. Академијата ја предводи Јордан Плевнеш, претседател на ABE.
Проф. д-р Сефиданис во неговата објава изразува благодарност до сите колеги, студенти и партнери што се дел од неговата научна мисија.-Ова е чекор напред, за поголема меѓународна соработка, поголема видливост и поголемо влијание на наука што служи на нашата иднина, додава во објавата.