Skip to main content

Младата струмичанка Тина Русева е првиот победник на The Voice of Europe

Македонија слави уште еден голем успех!
 |  инфодеск  | 

Младата и талентирана струмичанка Тина Русева победи на The Voice of Europe, откако минататa година беше една од фаворитите на The Voice of Germany.

Тина преку видео одлучи им се зaблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила.

-Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам во овој момент е бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи, вели Тина во видеообраќањето до нејзините следбеници.