Вечерва Македонската ракометна репрезентација одигра храбро и пожртвувано против фаворизираната селекција на Португалија, но на крајот мораше да се задоволи со реми – 29-29. Нашите ракометари уште еднаш покажаа карактер и квалитет, водеа жестока битка во текот на целиот натпревар и во неколку наврати беа многу блиску до сензационална победа.
Иако резултатот е позитивен во спортска смисла, овој нерешен исход значително ги намалува шансите на Македонија за пласман во главната рунда. Сепак, надежта сè уште постои, а судбината ќе се решава во последното коло од групната фаза. Одлучувачкиот натпревар за македонската репрезентација ќе се одигра на 20 јануари, кога за противник ќе ја имаме селекцијата на Романија.
Инаку, Македонската ракометна репрезентација во петокот го започна Европското првенство со пораз од 36-24 против домаќинот Данска.