Skip to main content

Фаќањето на Чесниот крст ја оживеа традицијата во охридско-струшкиот регион

Со надеж, вера и почит кон обичаите, жителите на охридско-струшкиот регион и оваа година испратија силна порака: традицијата живее таму каде што народот ја носи во срцето.
 |  инфодеск  |  ,

Богојавление – Водици и оваа година беше одбележано со голема духовност и масовна посетеност низ целиот охридски регион. Традиционалното фрлање и фаќање на Светиот крст не се одржа само во Охридското Езеро, туку и во бројните села, каде што верниците со еднаква посветеност ја продолжуваат вековната христијанска традиција.

И покрај ниските температури, голем број млади луѓе, но и повозрасни верници, храбро влегоа во студените води, водени од верата и желбата да го извадат крстот – симбол на здравје, среќа и благослов за целата година. Фаќањето на крстот уште еднаш покажа дека оваа традиција не е само религиозен обред, туку и важен дел од македонскиот културен идентитет кој ги поврзува генерациите, ја зајакнува вербата и ја чува духовната нишка што со векови го обележува животот на овие краишта.

Со надеж, вера и почит кон обичаите, жителите на охридско-струшкиот регион и оваа година испратија силна порака: традицијата живее таму каде што народот ја носи во срцето.

Инаку, Мартин Гоџо од Варош по трет пат беше среќниот фаќач на Чесниот крст на Охридското пристаниште. Во Струга пак, крстот го фати Петар Чакарески.

Во Елшани Светиот крст го фати Роберт Шоповски, во Рамне крстот го фати Петар Неданоски, во Лескоец – Наум Тодороски, Вапила – Илија Ефтимоски, Велестово – Јовица Башоски, Горенци – Филип Чолески, Пештани – Михаил Јанески, Велгошти – Томе Тодороски, Белчишта – Климент Гиновски, Велмеј – Марија Жилеска.