Почина легендарната Сенка Велетанлиќ
–Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо, напиша вчера на социјалните мрежи нејзиниот син, Васил Хаџиманов, роден во бракот со Зафир Хаџиманов, легендата на македонската популарна музика.
Велетанлиќ е родена на 27 мај во 1936 во Загреб. Почнала да пее во хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“, а во 1958 ги направила првите снимки за Радио Загреб. Дипломирала на Економскиот факултет, но решила да продолжи со музиката. Во 1960, на фестивалот во Опатија, ја отпеа „Ноќ без ѕвезди“ и стана ѕвезда во поранешна Југославија.
Сенка, заедно со својот сопруг, легендарниот Зафир Хаџиманов, оствари мноштво музички проекти. Во 1967 година, Сенка и Зафир го одржаа својот прв рецитал во Ателје 212 во Белград, а ТВ Белград за првпат сними концерт со „лесни ноти“ во живо.