Македонската заедница во Копер, Словенија, го одбележаа големиот христијански празник Водици со положување на крст во водите на Јадранското море. По повод празникот се одржа богослужба со која чиноначалствуваше владиката Пимен кој го изврши големиот водосвет. Среќниот фаќач на крстот е охриѓанецот Климчо Групчевски по потекло од Месокастро.

-На празникот Водици – Богојавление, Митрополитот Европски г. Пимен отслужи Света Василиева Литургија во МПЦО „Богојавление – Водици“ Копер, со сослужение на парохискиот свештеник отец Дејан. По Литургијата, на локацијата Мокра Мачка – Копер, беше извршен Голем Богојавленски водосвет и Светиот чин на спуштање на Чесниот Крст во водите на Јадранското Море. Со молитва и благослов, верниот народ го прослави јавувањето на Света Троица при Христовото Крштение, испраќајќи силна порака на вера, единство и духовна радост, објави Европската епархија.


