Skip to main content

Со традиционалното капење на рибарите се одбележа празникот Свети Јован Крстител

Со традиционалното капење на Денот на рибарите денеска во Охрид се одбележа празникот Свети Јован Крстител. Посетителите на Сараиште беа послужени со топла ракија, греано вино, пача и плашици и уживаа во охридска староградска музика. Манифестацијата за Денот на рибарите ги збогатува празничните денови со привлечни содржини за гостите кои во голем број го посетуваат Охрид за празникот Богојавление. ​
 |  Маја Савиќ  | 

Охриѓани ја продолжија вековната традиција на капење во езерото на Денот на рибарите. Тајфата на Мартин Гоџо, кој вчера го фати Чесниот крст, денеска на Сараиште влегоа во студените води на Охридското Езеро. Бројните охриѓани и туристи беа послужувани со греана ракија, пржени плашици и пача. Убавото расположение го надополни охридскиот музички еснаф.

– Јас сум од Кина ама живеам во Белгија. Пристигнав синоќа во Охрид, ми се допаѓа езерото. Направив многу убави фотографии. Сакам да дознаам повеќе за оваа манифестација денеска и воопшто за локалните традиции.

-Манифестацијава е за Охрид родена, Охрид е светски град, не постои друго место како Охрид. Јас сум прошетал сегде, меѓутоа како нашиот Охрид, како оваа убајна немат никаде. Ова е традиција од дедо прадедо, јас сум од Стар град. Да ни е жива државата и Бог се јави.

– Јас сум светски патник. Месец и пол сум во Охрид, многу го сакам Охрид, прекрасен е, луѓето се многу пријатни. Ова е голема прослава , сите се весели и љубезни, убава музика ….Го славиме денот на рибарите. Нема да влезам во езерото , престудено е за мене. Но убаво ми е , убаво си поминувам, пресреќен сум.

-Ние сме од Прилеп, манифестацијава да продолжи, до в година пак ќе дојдеме. Пачата е супер, пробавме и плашици, ама чорба не пробавме. … Им благодариме на организаторите ова е навистина преубаво.

– Охриѓани се супер народ, гостопримлив. Прекрасно се чувствуваме. Охрид ни е омилен. Пачата е супер, поуба од прилепската.

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели охриѓани со голема радост го чекаат празнувањето на овај ден кое опстанало како вековна традиција, а намерите на локалната се нејзина промоција и привлекување поголем број гости од странство.

– Да го честитам уште еднаш празникот Богојавление Водици, за нас охриѓани еден од најзначајните празници. Чествувањето за вршува денеска на Св јован кај нас познат и како Денот на рибарите каде општина охрид во соработка со Дебарско кичевскат аепархија и охридскиот музички еснаф го организиораме овај настан каде со граѓаните го прославуваме му даваме едно значење како традиција која траела долги години и сакаме да продолжи а секако дека како и централниот настан Богојавление така и Денот на рибарите од година во година и ќе го промовираме како туристичка понуда посебно за гости од странство и секако и за сите оние кои доаѓаат од државава и да биде секоја година на едно ниво повисоко, изјави Пецаков.

Денот на рибарите е одржување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов.

-На Св Јован завршувал татиљот, турски израз за забрана за лов на пастрмка и на овој ден рибарите почнувале со лов и воедно тоа било начин да се одбележи и Богојавление со дикат. После собирање на мрежите тепсии со риби и бочка вино, се пие, се весели и така се означувало Богојавление во тоа време бидејќи забранувале, што било голема грешка бидејќи верата ги одржува вредностите во човекот во животот, изјави Љупчо Маслов.

Манифестацијата за Денот на рибарите ги збогатува празничните денови со привлечни содржини за гостите кои во голем број го посетуваат Охрид за празникот Богојавление.