Skip to main content

општина охрид

Градоначалникот Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду

Градоначалникот Пецаков ја запозна амбасадорката Филипиду со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, која беше во прва официјална посета на Охрид. На средбата присуствуваше и Деспина Ипиоти, конзул на Република Грција во Битола.

Градоначалникот Пецаков ја запозна амбасадорката Филипиду со актуелните проекти на кои работи Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО. Беше разговарано за актуелниот проект за отворање на Регионалната депонија која ќе го опфати Охридскиот и Пелагонискиот регион.

Градоначалникот и амбасадорката изразија надеж за продлабочување на прекуграничната соработка со Грција во повеќе области, особено во делот на туризмот, заштита на животната средина и културата.