Претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Претпладне ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од -1 до 6 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека до сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник.