Концесионерот на рекреативната зона Охридско езеро, Питон фишинг, информира дека од среда 28 јануари ќе започне издавањето на дозволите за рекреативен риболов. Истите ќе се издаваат единствено преку новото Здружение на рекреативни риболовци „Охридски Рибари“.
Во нивното соопштение се вели дека заинтересираните лица нема да плаќаат додатни трошоци како додатна чланарина за здружението и др. кои ги бараат другите здруженија во Охрид и ќе можат да задолжат маркица за 2026 година.
Целта на новото здружение „Охридски Рибари“ е подигнување на рекреативниот риболов како спорт и рекреација и одбегнување на манипулациите према рибарите од страна на досегашното т.н. “единствено здружение”.
