Охрид и натаму меѓу градовите со највисока инциденца на новозаболени од грип во државата. Во една недела регистрирани нови 142 случаи. Според епидемиолозите зголемениот број на новозаболени се должи на празничните собирања, забави и зголемениот број туристи, кои во изминатиот период престојуваа во Охрид.
-„Најголемиот број на заболените се во возрасната група од петнаесет до шеесет и четири години, ние така ги водиме по возрастната дистрибуција, а инциденцата, највисока инциденца имаме кај деца од нула до четири години.Од испитувањата што се направени, односно примероците што се анализирани во Институтот за јавно здравје, во вирусолошката лабораторија, кај нас никогаш не е изолиран ковид, туку е изолиран вирусот на инфлуенца А. И според клиничката слика, повеќе одговара на грип – инфлуенца А”, вели Јованка Стурлакова Коровешоска, епидемиолог.
Младите велат не заболеле од грип, а повозрасните редовно се вакцинираат. Според проценките на епидемиолозите, пикот на грипот се очекува во февруари, кога традиционално се бележи највисока активност на вирусот.