На 24 јануари 2026 година, во 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во 49-годишен пешак и без да застане, го напуштил местото. Пешакот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот по што, ќе бидат поднесени соодветни пријави.