Облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури во Охрид од 3, а максималните до 9 степени Целзиусови.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност денес ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Утре претпладне се уште во источните делови ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.