Здружението „Коштана“ и српската заедница од Охрид утре ќе го одбележат големиот празник Свети Сава
Свети Сава свечено ќе биде одбележан од Српската заедница во Охрид

Утре, српската заедница од Охрид во 13 часот во ресторанот „Белведере“, ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија, Свети Сава. На свеченоста, со традиционално сечење на славската погача и пригодна културно-забавна програма, поканети се градоначалникот Кирил Пецаков, почесниот конзул на Србија, Михајло Филев и други гости.
Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои над 300 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат. Српската заедница во Република Македонија е здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје.
Согласно постоечкиот закон за празници, утрешниот ден е неработен за припадниците на српската заедница.







