Skip to main content

За да се зачува препознатливиот лик на Охрид

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман оптимистички најавува дека Законот за заштита на културното наследство на Охрид  наскоро ќе биде изгласан, иако, вчера пратенците од ДУИ, во Парламентот, не му дадоа зелено светло.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Охрид

TvrdiniДиректорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман оптимистички најавува дека Законот за заштита на културното наследство на Охрид  наскоро ќе биде изгласан, иако, вчера пратенците од ДУИ, во Парламентот, не му дадоа зелено светло.
Културното наследство е заедничко за сите и не признава политички препукувања, но тоа наскоро ќе биде минато смета Кузман.
Со овој Закон во Охрид ќе се поставува одредена граница кој колку и до каде може да го менува ликот на градот вели Кузман.
Тој смета дека Законот би требало да значи заштита на охридската  архитектура онака како што градот е регистриран под УНЕСКО.
„Луѓето поинаку размислуваат, ова е мое, нема кој што да ми каже, но  тоа е обичајно право и е минато. Во организираните  општества треба да се почитуваат  Законите и тоа е демократија“ нагласува  Кузман.
Институциите од областа на заштитата и порано интрвенирале навреме, но понатамошните активности некаде се губеле, некој  се вплеткувал и го изигрувал законот кажува директорот на Управата за заштита на културното наследство. Сега Кузман очекува ако се спроведува Законот да нема нарушувања на препознатливата охридска архитектура.   
{loadposition content9}