Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

ЈП Охридски Комуналец: Започнуваат месечните акции за собирање текстилен отпад во Охрид

Еко акција на ЈП Охридски Комуналец: Месечно собирање стара облека во контејнерите на Тексомак
 |  инфодеск  | 

Од ЈП Охридски Комуналец инфромираат дека започнуваат месечните акции за собирање текстилен отпад, а ќе се спроведуваат секој последен петок од месецот.

-Овој петок ќе имате можност уредно да ја одложите старата облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени на подолу споделените локации, се вели во нивното соопштение.

Од таму информираат дека одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време и додаваат дека не се одлагаат стари обувки, чанти, итн.

Инаку, првиот контејнер за одлагање на текстилен отпад во Охрид се наоѓа до задниот влез на Охрид Мол. Дополнителни контејнери се поставени во некои од училиштата кои се дел од програмата “Училишта без пластика” и партнери на кампањата “Чисто е убаво”, кадешто во организирани еко акции еднаш месечно ќе се овозможи одлагање на стара облека.