Утре (29.1.2026 – четврток) во организација на Младински центар Охрид ќе се одржи јавна панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“ – настан посветен на надежта, солидарноста и човечноста.
Настанот ќе се одржи во Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид со почеток во 17 часот.
На панел дискусијата учество ќе земат врвни лекари, трансплантациски експерти, координатори за трансплантација и претставници од МПЦ и ИВЗ.
-Ќе зборуваме за законот и правата, за медицинските факти и дилеми, ќе ги слушнеме животните приказни на пациенти кои чекаат орган, ќе ги слушнеме животните приказни на оние кои го дочекале повикот за трансплантација и ќе го отвориме и прашањето за верата и органодарителството преку ставовите на верските заедници, најавуваат организаторите.
Модератори на настанот се Гордана Лолеска и Ирена Ралева-Најдевска.
-Ова не е само дискусија – ова е разговор за животот. Дојдете. Информирајте се. Бидете дел од промената, порачуваат организаторите на настанот.
