Skip to main content

царинска управа

Во Струга запленети тутунски производи без акцизни марки вредни над 1,8 милиони денари

Пронајдени 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички.
 |  инфодеск  | 

Од Царинската управа информираат дека поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета при извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга.

-При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички. Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка, велат од Царинската управа.

Во нивното соопштение додаваат дека продолжуваат со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните.