Skip to main content

Денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 3 до 7 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив превец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец.

Од УХМР информираат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 3 до 7 степени Целзиусови.