Бубка: Патеките во Охрид и Пекинг – исти по квалитет
Според Диме Спасов, директорот на Агенција за млади и спорт, ова денеска во Скопје го изјавил светски познатиот атлетичар од Украина Сергеј Бубка.
Според изјавите на Спасов, Бубка рекол дека охридската атлетска патека е од највисок квалитет, иста како и големите светски атлетски патеки и дека ги исполнува меѓународните стандарди.
Сергеј Бубка утрово ја посети Агенција за млади и спорт а во текот на денот ќе одржи прес конференција во Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Потпретседателот на Светска атлетска федерација Сергеј Бубка најави дека в среда, за првпат на новата атлетска патека во Охрид ќе се одржи атлетски митинг за кој се надева дека ќе стане традиционален.
Претседателот на Атлетската федерација на Македонија Цветко Грозданов на Сергеј Бубка му додели плакета во знак на сеќавање на средбите кои ги имаше во Македонија.
Денеска во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Сергеј Бубка ќе потпише Договор за меѓусебна поддршка на украинскиот и македонскиот олимписки комитет.
{loadposition content9}