Skip to main content

Денес ќе се одржи стручниот медицински настан „Аутизам од дијагноза до достоинство“

Настанот ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во 13:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Денес во Охрид ќе се одржи стручен медицински, акредитиран настан за доктори на медицина, посветен на аутизмот-од дијагноза до поддршка за достоинствен живот.

Истиот е насловен „Аутизам од дијагноза до достоинство“ и ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 13:00 часот.

Свои излагања ќе имаат еминентни предавачи: проф. д-р Филип Дума – детска неврологија, Амела Мемиш Апостоловска – психолог и клинички психотерапевт, Магдалена Чакар- Маркулеска – психијатар, Александар Сабрас- Апостолова – дефектолог, која ќе биде и модератор на настанот и Леон Мемиш- Апостоловски, аутист и јавен застапник.

 Да разменуваме знаења и искуства за подобра иднина за лицата со аутизам, порачуваат организаторите од Здружението на лекари од Охрид.