Општина Струга ќе биде дел од „Tourism Fair Albania 2026“

Општина Струга го најави своето учество на меѓународниот саем за туризам „Tourism Fair Albania 2026“, кој ќе се одржи на 11–12 февруари 2026 година во Тирана, Република Албанија.
-Овој саем претставува значајна можност за промоција на производите, услугите и туристичкиот потенцијал на нашата општина, велат од општината и го покануваат туристичкиот сектор да учествуваат директно на саемот, презентирајќи ја нивната понуда, но и да придонесат со промотивни материјали, кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга.
Рок за доставување на промотивни материјали е 10 февруари 2026 во канцелариите на Општина Струга – Одделение за Туризам, а за повеќе информации и координација заинтересираните лица можат да го контактираат Одделението за Туризам на Општина Струга.









