Проекти од национален интерес кои ќе се реализираат во Охрид или ќе го промовираат градот со финансиска поддршка од Министерството за култура
Министерството за култура и туризам на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2026 година.
Средства ќе добијат и охридски здруженија, институции и манифестации, но и здруженија од други градови кои имаат проекти кое ќе се реализираат во Охрид или ќе го промовираат градот и неговото културно наследство во земјава и странство .
Музичка и музичко-сценска дејност:
– ЦИКЛУС КОНЦЕРТИ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ – Битола, Охрид, Скопје 2026
– Здружение на граѓани Интернационален натпревар за млади музичари ОХРИДСКИ БИСЕРИ Охрид- Циклус концерти „Охридски бисери“ – 2026 , ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ЗА МЛАДИ МУЗИЧАРИ „ОХРИДСКИ БИСЕРИ
– Слаткаристика и пријателите — Охрид 2026
– „Концерт на Михаил Јагуриноски во Охрид”
Фолклор:
– Здружение Фолклорен ансамбл ОТЕКС ФОЛК Охрид Годишен целовечерен концерт на Фолклорен Ансамбл “Отекс Фолк” – Охрид
Визуелни уметности архитектура и дизајн:
-„13-та Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, Охрид 2026“ во организација на УНИВЕРЗИТЕТ- АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ Скопје
Издавачка дејност:
– Здружение за поттикнување на книжевноста и другите уметности КРЕАТИВНА ВЕРИГА Охрид Списание за книжевност и друга уметност „(е)Лит“
– Трговско друштво ПНВ Публикации ДООЕЛ Скопје за издавање на „Поезија (избрани дела од Славе Ѓорѓо Димоски, том 1)“
Меѓународна дејност:
-Здружение Градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид за Учество на Меѓународниот хорски натпревар „Леге Артис“ во Тузла, БиХ
-Владимир Василески од Охрид за Реализација на турнеја на „Владимир Четкар џез соул фанк ансамбл“ во Австралија
-Јована Тодороска од Охрид за Реализација на изложбата „Првиот чекор на промената“ во „Прима центар“ во Берлин, Германија
-Сашо Блажески од Охрид за Реализација на изложбата „Заробен во мрежите“
Промоција на културните и туристичките потенцијали на Охрид – градот на УНЕСКО во организација на КИЦ Белград
Фестивали:
-Интернационален Фестивал Охрид Фест Охридски Трубадури 2026
-Здружение на граѓани ОХРИДСКА АКАДЕМИЈА НА ХУМАНИЗМОТ Охрид „Светска награда за хуманизам 2026“
Недвижно културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра:
-Популаризација и промоција на недвижно културно наследство на градот Охрид во османлискиот период од страна на Здружение за афирмација на етнологијата и антропологијата Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија – Скопје
-Публикување на печатен водич на англиски јазик за промоција на културното наследство во Охридскиот Регион од страна на Здружение Институт за културно наследство – ХЕРИТЕОС Скопје
-Здружение на граѓани за едукација, валоризација, заштита и популаризација на културното наследство Центар за културно и духовно наследство – Скопје за проектот Свети Никола (Челнички) во Охрид
-Друштво за едукација, валоризација, заштита и популаризација на културното наследство КАЛАМУС ДООЕЛ Скопје Монографија „Катедралната црква св. Софија во Охрид во XI век“ (двојазично издание на македонски и на англиски јазик)
-Здружение на граѓани за заштита и промоција на културното наследство КОНЦЕПТ ЗА КУЛТУРА Скопје Изработка на виртуелна прошетка низ црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид
Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2026 година траеја од 30 септември 2025 година до 31 октомври 2025 година, а пријавувањето на Годишните конкурси се одвиваше електронски преку Националниот портал за е-услуги.
Во системот се евидентирани 2.618 пријави поднесени од: правни и физички лица, единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Македонија во согласност со закон.
Критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси, а вреднувањето на проектите беше извршено од страна на стручни комисии врз основа на исполнетоста на општите и посебните услови.