Skip to main content

Во четврток ќе се одржат „Прличевите беседи“

Во четврток ќе се одржат „Прличевите беседи“
 |  инфодеск  | 

Во четврток, на 5 февруари 2026 година, во Охрид ќе се одржат „Прличевите беседи“, традиционална културна манифестација посветена на ликот и делото на Григор Прличев.

Програмата започнува во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, поставена во изложбениот салон. Централната свеченост ќе се одржи во 12:00 часот во малата сала на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.

Свечената програма вклучува настап на хорот при НУЦК „Григор Прличев“, обраќања на претставници од Центарот за култура и Општина Охрид, претставување и артистичка изведба на наградената поема „Темна кутија“, како и врачување на Повелбата за најдобра поема за 2025 година.

Годинешен лауреат на наградата „Григор Прличев“ е поетот Братислав Ташковски, кој ќе има и свечено обраќање пред присутните.