Skip to main content

НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид

Филмот „Приказната за Силјан“ премиерно во Охрид на 11 февруари

Филмот „Приказната за Силјан“ премиерно во Охрид на 11 февруари
 |  инфодеск  | 

Приказната за Силјан е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Откупен е од страна на National Geographic, а премиерно во НУЦК “Григор Прличев” – Охрид ќе биде прикажан во среда 11.02.2026 година, со почеток во 20.00 часот.

Во филмот се говори за земјоделецот Николa кој притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Филмот е под режисерската палка на Тамара Котевска, а играат Никола Цонев, Јана Цонева, Илина Цонева, Александар Цонев, Александра Цонева, Стојче Филипов, Иле Стојковски.

Времетраењето на филмот е 80 минути.

Карти по цена од 200 денари може да се купат на билетарата при Центарот за култура секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на проекцијата на филмот.