Skip to main content

Во петок ЈП „Охридски комуналец“ ќе го подига отпадот од кантите за селекција

Опфатени се корисниците на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март”.
 |  инфодеск  | 

ЈП Охридски комуналец ќе врши подигнување на селектиран отпад од кантите за селекција на ден 06.02.2026 год.(петок).

-Согласно Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 06.02.2026 год. (петок) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција, информираа од јавното претпријатие.

Се молат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад.