НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” збогатен со монографијата „Охридско-струшкиот кувенџиски центар“ на Љупчо Милошески
НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” Струга : Во време кога традиционалните занаети се повеќе исчезнуваат од живата практика, ваквите записи претставуваат значаен чекор кон зачувување на материјалното културно наследство и негово пренесуваење кон идните генерации.
Вчера библиотеката на НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци”- Струга се збогати со монографијата ,,Охридско-струшкиот кувенџиски центар”. Монографијата претставува збир и приказ на предмети изработени во овој кувенџиски центар.
-Во време кога традиционалните занаети се повеќе исчезнуваат од живата практика, ваквите записи претставуваат значаен чекор кон зачувување на материјалното културно наследство и негово пренесуваење кон идните генерации, велат од установата.
Автор на оваа вредна монографија е Љупчо Милошески, издавач е НУ Центар за култура ,,Браќа Миладиновци”-Струга, а проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.