Skip to main content

УХМР

Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.

Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 4 до 8 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека утре поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.