Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека мапирани се 8 мини-депонии и во текот на вчерашниот ден подигнати 24 м3 кабаст отпад и градежен шут.


-Нашите дежурни служби мапираа диво создадени 8 депонии од несовесни граѓани кои ја загрозуваат животната средина на околното население од следните локации: локалитети Бејбунар и Мегдани, населби Даљан и Гоце Делчев (Бараки), ул.,,Галичица” и кај станбениот комплекс во близина на општата болница, велат од претпријатието.

