Во Охрид и Струга се планира поставување на вкупно 40 сообраќајни камери, кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор Безбеден град, Сејф сити, наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина.
Според најавите, системот треба да започне со работа пред стартот на летната туристичка сезона. Во моментов, четири камери веќе се физички монтирани на автопатската делница Охрид Кичево, на потезите меѓу селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село. Иако уредите се поставени, тие сè уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на техничка проверка и тестирање.
Од СВР Охрид посочуваат дека воведувањето на овој систем има за цел значително да придонесе кон подобрување на безбедноста на патиштата, преку намалување на сообраќајните прекршоци, незгоди и последици по учесниците во сообраќајот.
Извор: Ohridnet