Skip to main content

општина охрид

Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти кои се доследни на развојните цели кои општината ги утврди како приоритети за 2026 година

Општина Охрид ги повикува граѓанските организации да аплицираат со развојни проекти во областа на младински активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија, заштита на животната средина, туризам и култура.
 |  инфодеск  | 
Св Кирил и Методиј

Општина Охрид во периодот од 2021-2024 година активно учествуваше  во проектот на програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) ReLOaD2, откако беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу двете инволвирани страни. Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, ReLOaD2 беше финансиран од Европската Унија и го спроведуваше програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) во шест земји од Западен  Балкан. Проектот траеше до декември 2024 година и истиот имаше за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесите на донесување одлуки.

Општина Охрид  ги повикува сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени следните приоритетни области: младински активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија, заштита на животната средина и туризам и култура.

Во рамки на годишаната програма општина Охрид предвиде 1.200,000,00 МКД, средства наменети за одобрени проекти на ГО во рамки на овој проект, а износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 200.000,00 МКД до 600.000,00 МКД.

Повеќе информации на линкот.