Skip to main content

Две интервенции на полицијата во Струга: кривична за дилер со кокаин и приведено лице што нападнало медицински персонал

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Црн Дрим Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 35-годишник од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– При преглед извршен на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициските инспектори кај него пронајдоа кокаин, по што беше лишен од слобода, информираат од СВР Охрид.

 На 8 февруари 2026 година, во 01:40 часот, во Општата болница во Струга e приведено 59-годишно лице од струшкото село Делогожда, кое претходно, со викање и агресивно однесување кон медицинските лица, го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило нивната сигурност.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.