Skip to main content

ШК Ласкер Охрид

V Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“

Охрид повторно во знакот на шахот: Во март ќе се одржи турнирот „Езерски бисер 2026“
 |  инфодеск  | 
Шах

Шаховскиот клуб „ЛАСКЕР“ Охрид го организирa V Рапид турнир во шах „ Езерски бисер 2026“ кој ќе се одржи на 29 март во ООУ Братство Единство Охрид,

Право на играње имаат сите шахисти со ФИДЕ код, а важат Правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Бројот на играчи е ограничен на 100.

Шаховскиот натпревар се игра по Швајцарски систем од 9 кола. Темпото на игра е 10’05” (10 мин по играч со додаток од 05 секунди) за секој потег, почнувајќи од првиот.

Пријавување најдоцна до 26 март 2026 на e-mail: laskerohrid@yahoo.com, а пријавените учесници ќе го потврдат своето учество на турнирот со своето присуство, во просторот за игра во спортската сала во ООУ Братство Единство Охрид, ќе се пароваат само учесници кои најдоцна до 09:40 часот на 29 март 2026 год. го потврдиле учеството на турнирот со своето присуство и платиле котизација.

Уписнината на турнирот изнесува 800 денари, за играчи без ФИДЕ код е 1100 денари.

Наградниот фонд на турнирот изнесува вкупно 24.500 денари и ќе биде распределен меѓу најуспешните учесници. За првопласираниот е предвидена парична награда од 6.000 денари, додека второто место ќе добие 5.000 денари. Третопласираниот ќе биде награден со 4.000 денари, четвртото место со 3.000 денари, а петтото со 2.000 денари.

Покрај редовните награди, ќе бидат доделени и три специјални признанија. Награда од 1.500 денари ќе добие најдобриот шахист во категоријата над 60 години, исто толку ќе биде доделено и на најдобриот млад шахист до 18 години, како и на најдобрата шахистка на турнирот.

Овие награди не се делат и се доделуваат по наведениот редослед. Шахистот може да добие само една награда – поголемата. Добиените парични награди на учесниците ќе им бидат префрлени на нивната жиро сметка. Тие кои што ќе добијат парични награди ќе треба да ни достават нивна жиро сметка и ЕМБГ, најдоцна 15 дена по завршување на турнирот.

При ист број на поени одлучува Бухолц – 1 (без најлошиот противник), Бухолц, Директна средба, Прогрес и/или Скратен прогрес.

Покровители на турнирот се Општина Охрид, а судии на турнирот се NА Константин Лушески, NА Борис Лушески и NА Ѓоко Котески.