Галичица во фокусот на BBC News на српски: Меѓународно признание за природното богатство на националниот парк

Националниот парк Галичица се најде во фокусот на реномираниот меѓународен медиум BBC News на српски, кој објави приказна посветена на неговите исклучителни природни вредности, биолошка разновидност и значењето што овој простор го има на регионално и европско ниво.
– Галичица продолжува да биде препознатлива по својата уникатна природа и посветеноста кон заштита и одржливо управување, велат од НП Галичица.
-Галичица е дом на ретки растителни и животински видови. Покрај природните вредности, паркот содржи значајни културни споменици – манастирот Свети Наум, црквата „Пресвета Богородица Заумска“ и археолошки локалитети на островот Голем Град. Галичица е вистинска ризница на биолошката и културната разновидност на Балканот, велат од BBC News за нашата Галичица.
Во продолжение прочитајте ја целосната објава на BBC News на српски.







