Skip to main content

Апел за помош на семејството Ѓоршески од Велгошти чиј дом е оштетен по експлозија на плин

Охрид повторно ја покажува својата хуманост: Да им помогнеме на семејството Ѓоршески повторно да го изградат својот дом!
 |  инфодеск  | 

На социјалните мрежи е објавен апел за помош на семејството Ѓоршески од селото Велгошти чиј дом е сериозно оштетен откако на 6 февруари избувна пожар по експлозија на плин, при што беше повредена 44-годишна жена.

– Почитувани пријатели, по неодамнешната несреќа во Велгошти, Охрид, семејстото Ѓоршески се соочува со тешки последици и има потреба од наша поддршка. Во вакви моменти најважно е да покажеме хуманост, солидарност и заедништво. Секоја донација, без разлика на износот, значи многу и помага во процесот на закрепнување и обновување, стои во објавата на Facebook страната Велгошти.

Сите кои се во можност да помогнат, можат да донираат на следната сметка:

Уни банка 240127121955848
Тодорче Ѓоршески – сметка за донации