Skip to main content

Втор ден студентите во домот „Никола Карев” во Охрид без  струја

Студентите среде зима без греење и без топол оброк. Ноќта ја минаа на свеќи.   Причината – три  неплатени сметки кон ЕВН. Директорот вели нема доволно приходи.
 |  инфодеск  | 

Втор ден   Студентски дом „Никола Карев” во Охрид нема  струја.  Студентите среде зима без греење и без топол оброк. Ноќта ја минаа на свеќи.   Причината – три  неплатени сметки кон ЕВН, домот должи 1 700 000 денари.

Директорот вели нема доволно приходи,  намален  бројот на  студенти, а партиципацијата е мала, само 3895 денари за сместување и два оброци.  


„Имаме  мал број студенти. Партиципацијата што влегува на нашата сметка – и од Министерството за образование и наука и од студентите кои плаќаат – изнесува околу 730.000 денари. Со тие средства не можеме да исплатиме плати, режиски трошоци, храна и тековно одржување..“, вели Жарко Куциноски директор на студентскиот дом Никола Карев Охрид.

Студентите велат немаат услови да учат,, а покрај нив  во домот функционира народната  кујна, социјално загрозените втор ден се на сува храна.

-Вчера беше доста ладно, не може да се учи исто така и храна немаме. Палевме свеќи за да се стоплиме и да се видиме кај сме, ептен е темно”, вели Благојче Сугарески претседател на студентите во „Никола Карев” Охрид.

-„Нема греење, нема ни јадење и многу е ладно. За срамота е, вели студентка.

енеска нема струја ни дадоа конзерви со паштета.“, вели Селим Бајрам корисник на народна кујна.

Според најавите, денес се очекува итна одлука од Владата за подмирување на долговите.

Според министерката  за образование , четири студентски домови се во слична ситуација,  едно од  решенијата на проблемот е промена на методологијата  на финансирање на студентските домови.

Новинар Соња Рилковска