Во сабота започнува „Езерска бизнис лига“
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра и соработката помеѓу локалните компании и институции.
На турнирот ќе настапат девет екипи од Охрид: АСП ПАК, Магна, Костал, ТАВ Аеродром, Инекс Олгица, Жито Леб, Општина Охрид, ЛТХ Леарница и Макпетрол. Ораганизаторите најавуваат квалитетни и неизвесни натпревари, исполнети со фер-плеј и позитивна атмосфера.
По завршувањето на турнирот ќе бидат доделени пехари и медали за трите најдобро пласирани екипи, како и индивидуални признанија за најдобар голман и најдобар стрелец.
-Со „Езерска бизнис лига“ сакаме да создадеме традиција што ќе го зајакне спортскиот дух и ќе ги поврзе компаниите преку дружење и здрава конкуренција. Иако годинава турнирот е локален, нашата цел е во иднина да прерасне во регионална лига“, информираат од „Sport Brother Ohrid“.
Натпреварите ќе се одржуваат секој викенд, во сабота и недела, со почеток од 16:00 часот, при што ќе се играат по два натпревари дневно.
Распоред на натпревари
1 коло – викенд 14/15 февруари
АСП ПАК – ТАВ Аеродром
Жито Леб – Општина Охрид
Костал – Магна
ЛТХ Леарница – Инекс Олгица
Слободен: Макпетрол
2 коло – викенд 21/22 февруари
Макпетрол – Општина Охрид
ЛТХ Леарница – Магна
АСП ПАК – Инекс Олгица
Костал – Жито Леб
Слободен: ТАВ Аеродром
3 коло – викенд 28 февруари / 1 март
АСП ПАК – Магна
ТАВ Аеродром – Инекс Олгица
ЛТХ Леарница – Жито Леб
Макпетрол – Костал
Слободен: Општина Охрид
4 коло – викенд 7/8 март
АСП ПАК – Жито Леб
Општина Охрид – Костал
ТАВ Аеродром – Магна
ЛТХ Леарница – Макпетрол
Слободен: Инекс Олгица
5 коло – викенд 14/15 март
Инекс Олгица – Магна
Општина Охрид – ЛТХ Леарница
Жито Леб – ТАВ Аеродром
Макпетрол – АСП ПАК
Слободен: Костал
6 коло – викенд 21/22 март
АСП ПАК – Општина Охрид
Инекс Олгица – Жито Леб
ТАВ Аеродром – Макпетрол
Костал – ЛТХ Леарница
Слободен: Магна
7 коло – викенд 28/29 март
Костал – АСП ПАК
Инекс Олгица – Макпетрол
Жито Леб – Магна
ТАВ Аеродром – Општина Охрид
Слободен: ЛТХ Леарница
8 коло – викенд 4/5 април
ЛТХ Леарница – АСП ПАК
Магна – Макпетрол
Костал – ТАВ Аеродром
Инекс Олгица – Општина Охрид
Слободен: Жито Леб
9 коло – викенд 18/19 април
Жито Леб – Макпетрол
ЛТХ Леарница – ТАВ Аеродром
Магна – Општина Охрид
Костал – Инекс Олгица
Слободен: АСП ПАК
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да присуствуваат и да ги поддржат своите фаворити.


